Во сенка на Ватикан: Тие се тајната војска која го “дрма” светот, а одговорот ни е пред очи

Ватикан, најмалата држава на светот, е срце на Римокатоличката црква и центар на разни мистерии и тајни. Една од нив е најзатворениот ред на католичките калуѓери, за кои многумина веруваат дека ги влечат конците на светските збиднувања.

Тајниот ред Језуити го основал во 1534-та година шпанскиот свештеник Игнасио Лојола, инаку поранешен војник, со шест истомисленици. Од тогаш језуитите, инаку често машки ред, се на првата линија на сите мисии на Римокатоличката црква како најогнени војници на католицизмот. Меѓутоа,брзо станале агресивен, мистичен и многу влијателен ред.

Едни сметаат дека језуитите се заедница од расипани, злобни и невидливи луѓе, други дека се навистина “Исусовци”, а трети дека тоа е глобална организација чија единствена цел е да предизвикаат нова криза.

Абрахам Линколн рекол: “Оваа војна (Американската граѓанска војна) никогаш немаше да ни да почне да не беше големото влијание на језуитите”. Семјуел Морс, автор на книгата “Надворешен заговор против слободата на САД” напишал: “Језуитите се тајно друштво, како масонскиот ред, со тоа што тие се полоши и поопасни”.

Едмонд Париз ја напишал “Тајната историја на језуитите”, каде наведува: “Јавноста речиси е несвесна за улогата на Ватикан и неговите језуити во започнувањето на двете Светски војни. таквата ситуација делумно можеме да ја објасниме со гигантската финансиска моќ на Ватикан, со која стекнале превласт во многу аспекти, а посебно во времето”.

М.Ф Кузак во 1896-та година ја напишал книгата “Црн Папа”: “Во круговите на Римската црква се знае дека изразот “Црн Папа” отсекогаш се користел за језуитскиот генерал, бидејќи тој носи црна облека, за разлика од папата, кој носи бела. Римокатолиците кои не ги симпатизираат језуитите, а нивниот број не е мал, сметаат дека тој Црн Папа го контролира “Белиот папа” и покрај тоа што првиот има обврска да му покаже послушност на вториот”.

Сега едно лице и Црн и Бел Папа – папата Франциско е припадник на Језуитскиот ред.

Германскиот филозоф Фридрих Фон Харденберг рекол: “Никогаш во историјата на светот не постоело такво друштво. Дури ни древниот римски Сенат немал така јасен план за владеење над светот”.

Ова се само некои во морето изјави за језуитите. Меѓутоа, големата тајна се крие во самиот Ватикан.

На базиликата Свети Петар во Ватикан има колона од столбови во полукружен облик. Ватикан официјално смета дека столбовите го симболизираат прегрнувањето на верниците. на нив продолжува авенијата “Пат на мирот”, а заедно формираат клуч. Завршната фаза на овој мистериозен клуч претставува и таканаречен трозабец од жива ограда кој се формира околу мавзолејот на царот Адријан, познат како ангелска тврдина. Кога се гледа од птичја перспектива, целиот овој комплекс формира јасен архитектонски клуч.

Вака прецизно изведена архитектура не може да биде случајна. Прашање е само, што всушност се крие зад тоа.

Leave a comment

error: Content is protected !!