Во општина Карпош картички за попуст за сите граѓани

Денеска во општина Карпош се одржа промоција на картичката „Мој Карпош“ која ќе донесе бенефит за сите граѓани на овој дел од Скопје.

„Мој Карпош“ е всушност картичка за попусти на територијата на Карпош, а вклучени се над 200 бизниси каде што граѓаните ќе може да купуваат по намалени цени.

Градоначалникот Стефан Богоев, денеска заедно со сите претприемачи кои ќе учествуваат во проектот ја престави картичката пред граѓаните во Карпош.

Богоев изјави: „Главната цел на картичката Мој Карпош е да се раздвижи економијата на локално ниво, граѓаните да купуваат и да користат услуги по пониски цени, а фирмите да имаат поголема добивка и посетеност.
Картичката ќе биде достапна од септември, а секој граѓанин (над 13 години) ќе може да ја користи во повеќе од 230 бизниси на територија на Карпош: здравствени ординации, кафулиња, спортски објекти, ресторани, културни установи, ИТ компании и многу други. Исто така, ќе изработиме и веб платформа и мобилна апликација кои ќе бидат од интерактивен карактер. Граѓаните ќе може да се информираат за бизнисите кои се приклучени кон проектот, нивните производи/услуги, директно да аплицираат за да добијат ваква картичка или да ја користат по електронски пат.
Благодарност до сите стопанственици кои беа дел од денешниот настан.“

Leave a comment

error: Content is protected !!