Во авионот порачал сендвич, го платил 9 долари, но еве што добил

Еден маж на лет од Бали до Австралија нарачал сендвич кој никако не испаднал како што тој се надевал.

Ник Мозли од Брајтон во авионот на Џет Стар Ервејс, посакал “троен” сендвич, а тоа што го добил е се освен тоа.

“Сендвичот” го платил 9 австралиски долари, а штом го отворил, воочил дека нешто недостасува – тоа нешто е всушност се!

Во сендвичот имало само маргарин и еден лист зелена салата, а во другиот дел имало едно мало парче јајце.

Фотографијата на споделил на Твитер. а авио-компанијата веднаш се извинила за необичниот сендвич кој наводно не е дел од регуларното мени.

Leave a comment

error: Content is protected !!