Во Америка, во 21. век: Снимки кои го шокираа светот – ги одвојуваат децата од родителите, а тие плачат во кафези!

Американскиот истражувачки медиум “ProPublica”, објавил снимки кои со брзина на светлината се прошириле на интернет.

Имено, веќе со денови Америка ја потресуваат информации за принудно раздвојување на деца илегални мигранти од своите родители. Неодамна се појавиле снимки од деца кои се затворени во просторија заградена со жица во Тексас, а ProPublica објавила аудио снимки од деца на возраст од 4 до 10 години, како плачат и ги бараат своите родители и роднини.

 

Поради политиката “нулта толеранција” со цел спречување на илегалната миграција, околу 2.000 деца биле раздвоени од своите родители – илегални мигранти.

На снимката се слуша детски плач, но и пограничен агент кој вели дека “имаат вистински оркестар, и дека им фали само диригент”.

Истовремено биле објавени и снимки од деца затворени во жични кафези во големиот пограничен центар во МекАлен во Тексас.

 

Снимките со голема брзина се рашириле на интернет и предизвикале бројни реакции за оваа нехумана пракса.

Leave a comment

error: Content is protected !!