Внуката на Садам Хусеин открива непознати детали: Ова е вистината за моето семејство

Луѓето имаат погрешна претстава за тоа што се случило во Ирак, изјавила внуката на ирачкиот лидер Садам Хусеин – Харез Хусеин Камел.

Таа се надева дека нејзината нова книга ќе ја расвлетли вистината за нејзината земја и семејство.

“Одбрав да напишам книга за да ја изнесам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена”, рекла Харез Хусеин Камел, објаснувајќи дека се чувствувала одговорна да го разјасни начинот на кој Ирак бил прикажан и нападите на своето семејство.

“Одлучив да ја раскажам приказната за своето семејство, која се обидоа да ја дискредитираат”

Садам Хусеин владеел со Ирак речиси 25 години, додека не бил отстранет во текот на инвазијата под водство на САД во 2003-та година, а подоцна и погубен. Тој е обвинет за бројни кршења на човекови прави во текот на својот мандат.

САД пратиле трупи во земјата, тврдејќи дека Хусеин имал оружје за масовно уништување, како и врски со Ал Каеда. Двете обвиненија подоцна биле докажани како кажни.

Инвазијата на Ирак ја вовела нацијата во долготраен бунт и граѓанска војна, за што на крајот довело до подем на ИСИС.

Leave a comment

error: Content is protected !!