Внимавајте! На интернет се шири нов опасен предизвик, едно девојчето поради него ќе мора на сериозна операција

На интернет се шири нов, опасен предизвик, по кој децата полуделе, а станува збор за таканаречениот “дезодоранс предизвик”.

Предизвикот се состои од тоа лицето млазот од дезодорансот во спреј да го насочи кон кожата од колку е можно поблиску, и да прска додека може да издржи. Ако некогаш случајно сте нанесувале дезодоранс со голема брзина, знаете за каков притисок станува збор, а на кожата може да нанесе болки и изгореници.

Џејми Прескот од Бристол во Велика Британија на Фејсбук споделила фотографии на кои се гледа дека нејзината 10-годишна ќерка Ели се здобила со тешки изгореници, откако пријателите ја испрскале со дезодоранс на подлактицата, а поради што можеби ќе мора да оди на пресадување на кожа.

 

“Кога побарале од неа да ја испружи раката, таа прифатила, но не била свесна што ќе се случи, бидејќи никогаш претходно не слушнала за тој предизвик”, вели нејзината мајка.

Додала и дека другите деца често ја прашуваат Ели што и се случило со раката, а кога ќе им објасни, и ги покажуваат своите лузни кои ги добиле на ист начин.

Џејми со својата објава сака да ги предупреди и другите родители на опасноста од овој вид на забава.

Leave a comment

error: Content is protected !!