Влегле во фарма и убиле 300 крокодили, а причината – одмаздувале соселанец!

Откако го погребале својот соселанец во саботата, кој починал откако бил нападнат од крокодил, мештаните веднаш тргнале кон фармата за крокодили со цел да го одмаздат.

Во Индонезија се случила една несекојдневна работа, кога мештаните од едно село убиле 300 крокодили, и тоа поради одмазда.

 

Тие вооружени со ножеви, чекани и пендреци, ги убиле сите 292 крокодили во знак на одмазда за смртта на еден маж, кој бил убиен од крокодил на фарма за крокодили, изјавил локален службеник.

Шефот на Агенцијата за заштита на природните ресурси на Индонезија во Западна Папуа вели дека 48-годишната жртва влегла на фармата за крокодили и дека веројатно собирала трева за да ја нахрани стоката, пред крокодилите да го нападнат.

“Вработениот слушнал дека некој вриска и бара помош, брзо отишол да провери што се случува и таму видел дека крокодил напаѓа човек”, навел во соопштението.

По погребот на мажот во саботата, мештаните влегле на фармата и ги убиле сите крокодили, додал тој.

Leave a comment

error: Content is protected !!