Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил: Телото на пејачот предадено на обдукција

Македонскиот пејач Влатко Илиевски, долгогодишен член на групата “Морал”, по анонимна дојава бил пронајден мртов во својот автомобил во Скопје.

Во полицискиот билтен е објавено дека 33-годишниот Влатко бил пронајден мртов вчера во околу 23 часот во автомобил “Toyota” на улица “Трета македонска бригада”.

 

Инаку, Влатко, покрај тоа што беше познат како член на групата “Морал”, имаше и голем број на соло песни, а во регионот е познат како претставник на Македонија на Евровизија во 2011. година. Ја претставуваше нашата држава со песната “Русинка”.

“Увуд на лице место изврши јавен обвинител и екипа за увид на скопската полиција, а по налог на обвинителот телото е предадено на обдукција”, наведува Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Причината за смртта се уште не е позната.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!