Владимир ја силувал, убил и распарчил Марија со секира: Потоа како алиби на шефовите на работа им ја пратил страшната снимка

Откако било докажано дека ја силувал, убил и на крајот распрачил со секира својата малолетна девојка, судот донел помалку скандалозна одлука убиецот и силувач да го осуди на само 14 години строг затвор.

Владимир Шаров (18) е осуден за силување, убиство и масакрирање со секира на Марија Конова (16). Тој по злосторството, остатоците на девојката ги ставил во кеса за замрзнување и ги фрлил низ соседството во предградието на градот Магнитогорск во Русија.

Како што се наведува, тие се запознале преку социјалните мрежи, за по некое време таа да прифати да оди кај него во стан. Според сведочењето на еден од соседите, Марија во еден момент рекла “ќе те пратам во затвор”, но буката после тоа престанала.

Како што утврдила истрагата, Владимир прво ја врзал Марија, а потоа и ставил чорап во уста, по што ја силувал.

“Ја силувал, а после ја убил бидејќи се плашел дека ќе ја пријави во полиција. После тоа ја распарчил со секира”, рекол тој.

Во еден момент, Шаров се обидел да ја измами полицијата така што снимил видео во кое се правел болен, сакајќи на тој начин да си обезбеди алиби.

Меѓутоа, неговиот обид бил осуетен, а тој самиот го признал суровото убиство.

Leave a comment

error: Content is protected !!