Видовитиот мачор предвиде победа на Русија во натпреварот со Саудиска Арабија

Оваа година упорно тренирал, учествувал на јавни настани, и сега е подготвен да ги предвидува натпреварите во текот на целиот турнир.

Видовитиот мачор Ахил од Санкт Петербург, предвидел дека руската репрезентација денес, во првиот меч од светското првенство во фудбал, ќе ја победи Саудиска Арабија.

 

Пред мачорот стоеле две чинии, од кои секоја била отсликана со знамето на една од земјите. Малку размислувал, па ја одбрал чинијата со руското знаме.

Мачорот Ахил успеал точно да ги предвиди резултатите на три од четири натпревари на Купот на конфедерациите одржани во Санкт Петербург.

Светското првенство во фудбал почнува денес и ќе трае до 15. јули во 11 градови во Русија.

Првиот натпревар на шампионатот, по свеченото отворање, ќе го одиграат репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија, на московскиот стадион “Лужњики”.

Освен предвидувањата на мачорот Ахил, интересни се и прогнозите на прасето Маркус од Велика Британија.

Маркус, кој во 2014. година го погодил победникот на Светското првенство, како и победникот на Вимблдон, предвидел кои тимови е се најдат во полуфиналето на овогодишното првенство.

Маркус предвидел дека во полуфиналето ќе се најдат Белгија, Аргентина, Нигерија и Уругвај.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!