Ви се јавуваат од мобилен оператор од Австрија и едно “ало” ви ги празни сметките

Криминална група, користејќи број од оператор во Австрија “++43 670 8012068”, ви се јавува и го чека само вашето “ало” за да ви ги украде банкарските податоци.

Кога ќе воспостават контакт со некого, тие ги крадат сите лични и банкарски податоци, а потоа ги празнат вашите картички. Ова е познат вид на криминал на Балканот, а во последно време жртви биле и македонски граѓани.

Седиштето и потеклото на криминалната група не е познато, безбедносните експерти апелираат до граѓаните да не креваат на такви сомнителни броеви. Доколку веќе го сториле тоа, треба веднаш да ги известат своите банки, пишува “Skopje1.mk”.

Leave a comment

error: Content is protected !!