Ветено-направено – Заврши мисијата на векот:  Ослободени сите деца и тренерот од пештерата на Тајланд

Завршила и третата и последна фаза од операцијата за спасување на преостанатите четири деца и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд, која почнала утрово. Властите најавиле дека сите преостанати деца и тренерот ќе бидат извлечени во текот на денот и тоа ветување било остварено.

Последниот дел од операцијата е излегување на четворицата нуркачи и докторот кои ја минале ноќта со децата во пештерата.

“Чекаме да излезат уште четворица нуркачи”, објавиле тајландските фоки на Фејсбук.

Во спасувањето на 12-те млади фудбалери и нивниот тренер учествувале 90 спасувачи од сите краеви на светот.

Тајландската спасувачка единица “Фоки” на својата официјална Фејсбук страна објавила дека сите деца, како и нивниот тренер, се извлечени од пештерата.

Како што пренесуваат локалните медиуми, деветтото и десеттото дете биле со хеликоптер пренесени во болница, додека последните две спасени деца и нивниот тренер ги прегледуваат лекари во близина на влезот на пештерата.

Се појавиле и наводи дека на децата им била дадена дрога при излегувањето од пештерата за патувањето да им биле полесно. Премиерот на Тајланд, Прајат Чан Оча, ги одбил овие наводи и истакнал дека децата не биле дрогирани, туку им било дадено нешто за смирување.

Откако биле спасени уште три деца, немало извештаи дека тие биле пренесени во болница, како што било случај претходните два дена.

Leave a comment

error: Content is protected !!