Верниците останале шокирани: Жена се соблекла на едно од најсветите места

Дебора Де Робертис, уметничка позната по своите голи перформанси, овој пат отишла еден чекор понатаму и се соблекла гола пред едно од најголемите католички светилишта на светот.

Шокираните верници во Лурд биле затекнати од потполно голата девојка која позирала пред кипот на Дева Марија, при што ја прекрила главата со син вел.

34-годишната уметничка позирала како се моли, а некои од верниците дури пробале и да ја прекријат со велот кој таа го носела на главата.

На местото на случувањето набрзо пристигнала и полиција која ја уапсила Дебора и ја задржала неколку часа во притвор, пишува “The Sun”. Тужителот Пиер Аурињак открил дека таа би можела да биде обвинета за сексуален егзибиционизам.

Ова не е прв пат провокативната уметничка да го привлече вниманието на светските медиуми, но и на полицијата. Во ноември минатата година таа извела сличен перформанс кога во парискиот Лувр се соблекла, ги раширила своите нозе и викала “Моја вагина, мои права”.

Де Робертис била обвинета за сексуален егзибиционизам, но обвиненијата биле отфрлени, а таа добила само 35 часа добротворна работа како казна бидејќи гризнала член на обезбедувањето кога тој пробал да ја исфрли надвор.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!