Венко Филипче министер за пример- Безрезервно помогна за чичко Драги од Рекорд

Здравството во Македонија со години е во колапс. На клиниките и во болниците владее хаос, пациентите се жалат на лоши услуги, како и на недостаток од лекови и хигиенски средства, а богами и на недостаток од стручен персонал.

Но, да се надеваме дека работите ќе се придвижат во позитивна насока. Новиот министер за здравство, Венко Филипче за разлика од многу други министри кои биле недостижни за граѓаните, е отворен за комуникација со секој човек кој има здравствен проблем и со критичните или пак незадоволни пациенти комуницира лично по телефон.

Приказната за чичко Драги од Рекорд ја знаеме речиси сите- социјален случај, кој со години се прехранува продавајќи ластичиња на Рекорд. Драги се грижи и за неколку кучиња, а до неодамна неговото престојувалиште во Ѓорче беше руинирано и живееше во лоши услови, но општината одлучи да му ја реновира куќата. За трагедијата да биде поголема чичко Драги се разболе, но оние граѓани кои му помагаа во целата голгота, наидоа на многу пречки во здравствениот систем.

Сепак, кога приказната стигна до министерот Филипче, тој веднаш помогна, за разлика од многу негови колеги доктори, а сведоштво за помошта е споделено на групата на здравствениот срам на Фејсбук.

Се надеваме дека и другите работници во здравството ќе го следат неговиот пример, за во иднина да немаме потреба да се јавуваме кај министер, туку секој еден доктор да ја заврши својата обврска кон пациентот.

Leave a comment

error: Content is protected !!