Вели дека веганството ќе ја убиело: Еве како се храни денес

25-годишната Алма Чентер била веганка од својата 13-та година, откако гледала видео снимки кои прикажуваат мачење на животни.

Студенката од Бристол која живее во Холандија отишла чекор понатаму во својата веганска исхрана, па долго време јадела исклучиво сирово овошје и зеленчук. Но, бидејќи не внесувала доволно витамини и минерали, здравјето започнало да ѝ се влошува – нејзината коса почнала да опаѓа и изгубила речиси 10 килограми.

Кога нејзината менструација станала нередовна и кога ѝ била дијагностицирана ретка автоимуна болест, лекарот инсистирал таа да ја промени исхраната. Во каква состојба била Алма докажува и нејзината посета на заболекар, кој по прегледот бил уверен дека девојката пие само газирани пијалаци бидејќи забите започнале да ѝ пукаат поради недостатокот на глеѓ (заштитниот слој на забите).

Поради бројните здравствени проблеми, таа на 19 години одлучила да го врати месото во редовната исхрана, а минатата година отишла и чекор понатаму па сега јаде само месо – и тоа два килограми дневно.

Чентер верува дека е “пристојно да се изеде целото животно”, а најмногу се храни со оние делови кои повеќето не ги консумираат како мозок, срце и животински коски, односно коскената срж од нив.

“Ми требаа само неколку недели откако започнав да јадам месо да почнам да се чувствувам фантастично, а за првпат по долго време не чувствував болка во целото тело”, изјавила Алма.

Таа била тврдоглава и слепо ја следела веганската догма и нејзината добробит. По една година, 25-годишната девојка почнала да забележува симптоми како нередовна менструација и бели линии кои укажувале на хроничен недостаток на калциум.

Освен тоа, нејзините заби биле во многу лоша состојба од големата количина на шеќерите од овошјето и недостатокот на калциум. Во тој период, Алма физички била слаба и не ѝ било лесно да започне да јаде месо откако желудникот шест години ѝ бил навикнат само на сирова храна.

Кога полека започнала да внесува риба, месо и варен зеленчук во исхраната, ѝ биле потребни неколку месеци да престане да повраќа, додека телото повторно ѝ се навикнало на варење на животинско месо. Општата состојба на телото и организмот започнала полека да ѝ се подобрува и почувствувала забрзување на метаболизмот и нормално функционирање на штитната жлезда.

“Животинското месо ги има сите потребни витамини и минерали, дури и витамин Ц, а калциумот го добивам од коскената срж”, вели Чентер.

Сега вели дека е свесна дека месото му е потребно на човекот, но не се сложува со начинот на кој стоката се одгледува, па своето месо го купува исклучиво од локални фармери кои не се сурови кон животните.

Leave a comment

error: Content is protected !!