Веќе не знаел ни како да биде смешен: Објавени болни детали од последните денови од животот на познатиот актер кој се борел со тешка болест

Робин Вилијамс бил пронајден мртов во својот дом на 11. август 2014. година, а боледувал од Паркинсонова болест.

Минаа речиси четири години од смртта на познатиот комичар Робин Вилијамс, а светот како уште да не се опоравил од шокот дека популарниот актер повеќе го нема.

Новата книга открива детали за последните денови на актерот, како и тоа дека се борел со болест, деменција и деприсија. Болеста на Вилијамс му влијаела на размислувањето, на формирањето на чувства, па и на вршењето на најосновните функции.

Симптомите се влошувале, а актерот од тешката ситуација гледал само еден излез. За време на снимањето на еден од неговите последни филмови, “Луда ноќ во Музејот”, во 2014. година, Вилијамс имал проблеми со паметење на текстот. Тоа го погодило, па и се пожалил на својата колешка:

“Плачеше на моето рамо на крајот од секој ден. Беше страшно. Ужасно. Неколку пати им велев на луѓето дека проблемот е сериозен”, објаснува Чери Минс, која била дел од филмската екипа.

Минс на Вилијамс му предлагала да се врати на својата стенд-ап шоу рутина, за да ја врати самодовербата од претходно, но актерот во очај одбил:

“Не можам Чери. Повеќе не би знаел ни како. Не знам да бидам смешен”, рекол актерот.

Бидејќи симптомите се влошувале со текот на времето, Вилијамс развил и благ тремор во раката, кој докторите го припишувале на стара повреда на рамото.

Неговата трета сопруга, Сузан Шнајдер, го опишала овој период:

“Како да си играа криенка. Секој месец ги изненадуваше со друг симптом. На крајот помислев дека мојот сопруг е хипохондер. Не бев сам јас таа која ги забележа промените во неговото однесување. Пријателите и колегите увидоа дека Робин повеќе не е оној стариот”, објаснува вдовицата.

По сериозните напади на паника во текот на снимањето на филмот “Луда ноќ во музејот”, на Вилијамс лекарите му препишале лекови против депресија, а набрзо му била дијагностицирана Паркинсонова болест.

“Никогаш не сум го видел толку исплашен. Беше најдобриот комичар што го знам, најдобриот уметник. Но, на крајот, беше само исплашен човек”, рекол Били Кристал, најблискиот пријател на актерот.

Вилијамс бил пронајден мртов во својот дом на 11. август 2014. година.

Leave a comment

error: Content is protected !!