Вака одмара Путин: Собира печурки, лови риба и позира за календари

Минатото лето Путин два дена минал на Сибир, каде се занимавал со подводен лов и риболов.

Рускиот претседател Владимир Путин во последните месец дена привлекува големо внимание во домашната, но и во светската јавност. Уште не се намалува воодушевувањето од снимките и фотографиите кои покажуваат како рускиот лидер го минал својот летен одмор, а сега неговите обожавателки добиле уште еден “подарок” – пристигнал календарот на Путин за 2019. година.

Путин оваа сабота повторно заминал во природа, а ја посетил тајгата во Хакасија. По краткиот одмор, претседателот заминал во Сочи, каде завршила 16. фаза на трката за Формула 1. и за Големата награда на Русија.

Ова не е прв пат претседателот да оди на одмор во тајга. Во август минал викенд на Јенисеј во Тува со министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и директорот на ФСБ, Александар Бортников.

Претседателот се шетал по планини, собирал печурки и се возел со чамец по Јенисеј.

Минатото лето Путин два денa минал на Сибир, каде се занимавал со подводен лов и риболов. Како што тогаш соопштил Песков, Путин два часа ловел штука во планинското езеро.

Рускиот лидер тогаш бил на одмор со Шојгу, претседателот на Тува, Шлбан Кара-ола и претседателот на Хакасија, Виктор Зимин.

Претседателот на Тува истакнал дека Путин секоја година доаѓа во Тува.

Оваа година Русите ќе можат да бираат меѓу различните календари на кои се наоѓаат фотографии од претседателот Путин. Во зависност од темата на календарот, се нашло по нешто за мажите, но и за дамите.

Дописникот на “BBC” од Русија на својот профил на Твитер објавил видео кое прикажува три календари за 2019. година, чиј главен јунак е токму рускиот лидер Владимир Путин.

На еден од календарите Путин е претставен во улога на моќен претседател кој вешто ракува со оружје.

Русите сакаат да го гледаат својот претседател во доминантна позиција, па не е изненадување што баш вакви фотографии се нашле во некои од календарите.

Во друг случај Путин е претставен како голем шармер кој ужива во женско друштво. Овој календар посебно ќе им се допадне на припадничките на поубавиот пол, а често може да се слушне во светските медиуми дека Русинките се едноставно заљубени во својот претседател.

Leave a comment

error: Content is protected !!