Вака изгледа кога руски тајкун ја мажи својата ќерка!

Богатата руска наследничка се венчала во Москва, а целата церемонија чинела 1,58 милиони долари.

18-годишната Ирина Чигиринскаја се омажила за 23-годишниот Морис Мирели, а целата церемонија чинела 1,58 милиони долари.

Младата Русинка се прославила во медиумите кога познатиот холивудски актер Роберт Де Ниро го помешала со келнер, но и со изјавата дека за десетти роденден сосема нормален подарок е “Ролекс” со дијаманти.

Чигиринскаја е ќерка на рускиот милијардер, 55-годишниот Александар Чигирински, кој богатството го стекнал во градежната индустрија.

Само венчаницата која ја носела невестата чини околу 165.000 фунти, додека за храна биле издвоени 350.000 фунти.

Гостите, околу 1.500 од нив, уживале во сите видови на риби, ирански кајсии, свежи бобинки и џиновска торта, а сето тоа го заливале со француски шампањ.

Нејзиниот сопруг е син на поранешниот заменик гувернер во рускиот северен регион Архангелск.

Богатата наследничка еднаш признала дека била шокирана кога сфатила дека на својот прв комерцијален лет ќе има и други патници.

Опишувајќи го ужасот на масовното летање, на Инстаграм тогаш напишала дека “ја прашала стјуардесата дали сите тие летаат со нив”. Како што рекла, никогаш не ризикувала во животот. Постот подоцна го избришала.

Според наводите на руските медиуми, Ирина порано често објавувала фотографии од своите ташни, а цените достигнувале до 6.000 фунти.

“Како ја добив ташната од 560.000 рубљи. Па, татко ми е Александар Чигирински”, напишала таа.

Во другите избришани постови наведувала дека сака одмори на луксузни јахти и крзна. На една снимка која ја објавила, навела дека во нејзиниот свет, “Ролексот” обична појава.

Како што пренеле медиумите, нејзината венчавка била поскапа и од венчавката на нејзината сестра Марија во 2015. година. Одржана е во просториите на голф клубот кој го држи олигарх Арас Агаларов.

Leave a comment

error: Content is protected !!