“Вака изгледа херој”: Куче ја спасило својата сопственичка од ѕвечарка

Дека кучето не е само најдобар пријател на човекот, туку и негов најверен чувар, сведочи една интересна ситуација од Аризона во САД.

Златниот ретривер Тод тргнал на долга прошетка со својата сопственичка Пола Годвин, но, за време на планинарењето наишле на змија ѕвечарка.

“Тоа беше прекрасно утро и се симнувавме низ брдото кога за малку ќе згазев на ѕвечарка. Но, моето куче херој Тод ме спаси. Скокна веднаш пред мојата нога, каде змијата сигурно ќе ме каснеше. Вака изгледа херој”, напишала Пола на својот профил на Фејсбук.

За жал, неговиот херојски потег не завршил баш добро за него. Ѕвечарката го гризнала по муцката, поради што десната страна му потекла.

Но, Тод бил брзо однесен на ветеринар, каде добил лек, па се очекува да заздрави во целост. Пола по овој инцидент започнала и кампања за собирање на пари, за секое куче кое ќе налета на змија, да може да добие брза терапија.

Храбриот мал Тод од својата сопственичка добил и наметка за својот херојски чин.

Leave a comment

error: Content is protected !!