Уживајте и на жештините: 4 најевтини природни решенија против потењето!

Потењето е природен процес преку кој телото пробува да ја спушти температурата. И додека физичкиот напор и престојот во топол простор предизвикуваат зголемено потрење, ситуациите како стрес и напнатост исто така може да предизвикаат реакција.

Ова се четири најмоќни природни борци против потењето:

Јаболков оцет

Делува како природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите.Доволно е еднаш дневно со оцетот да ги пребришете пазувите. Сув памук натопете го со мешавина од јаболков оцет и вода во размер 2:1, па пребришете ги површините на телото на кои најчесто и многу се потите. Тоа правете го секоја вечер пред спиење.

Сода бикарбона

Можете да ја купите било каде, а  евтина е. Плус може да си ја носите секаде со себе во ташна или новчаник, па поради тоа е многу практично решение против потењето и непријатните мириси. Додајте малку сода бикарбона во малку вода или пак навлажнете ги прстите па нанесете ја под пазувите. Истријте ја кожата, оставете ја да се исуши и со хартиена марамица избришете го остатотокот од содата во вид на прав.

Црн чај

Танинот со кој овој чај е богат, содржи киселина која делува како природен антиперспирант, па така влијае на жлездите и го смалува претераното потење. Подгответе врела шоља со вода, и во неа ставете две кесички црн чај. Кесичките извадете ги по една минута и ставете ги на една чинија да се оладат. Ставете ја кесичките под пазувите или на подрачје на телото каде што потењето е зголемено, оставете да ги делуваат 5 минути, па тргнете ги.

Лимон

Лимонот од стари времиња се користи за контролирање на телесни миризби и против зголемено потење.Цитрусната киселина ги убива бактериите и делува како природен дезодоранс, но после третирањето на кожата со лимон, би требало да избегнувате излегување на сонце. Лимонот го сечете на пола и со половината ги триете пазувите. Оставате да делува 15-30 мнути, па ја миете кожата со студена вода.

Leave a comment

error: Content is protected !!