Ужасни сцени од национален парк: Сопственик слушнал завивање на волци, а потоа видел вистински хорор

“Нашите деца се убиени”, со тие зборови сопственикот на еден парк за диви животни во Јужна Африка ја опишал страшната глетка која ја затекнал.

 

Џастин Фернандес открил дека ловокрадците отруле три лава и еден тигар.

Дека нешто не е во ред увидел кога волкот почнал необично да завива. Кога ги видел отруените животни, почнал да плаче. Тој заедно со членовите на семејството се обидел да ги реанимира, им давал и вештачко дишење, но залудно.

Фернандес, кој инаку се занимава со спасување и грижа на животни од дивината, останал без златниот тигар Каи. На светот останале уште триесетина тигри од овој вид.

Ги отруле ловокрадците кои планирале да ја пробијат оградата и да им ги земат главите и забите, за да ги продаваат на луѓе кои се занимаваат со црна магија.

“Не можам да верувам. Не знам што ќе правам”, рекол Фернандес во солзи.

Leave a comment

error: Content is protected !!