Утре излегуваат од болница, а пред да одат дома, повторно ќе минат низ хоророт на пештерата

Дванаесетте деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер, кои по 21 ден биле спасени од поплавената пештера, утре конечно ќе заминат во своите домови.

“Децата ќе одржат и прес конференција бидејќи сакаме да го задоволиме интересот на јавноста”, рекол портпаролот на Владата, Сансерн Каевкамнерд.

 

Децата и нивниот тренер безбедно биле извлечени од пештерата Там Луанг минатата недела во спасувачката операција која го привлекла вниманието од целиот свет.

Извлечените млади фудбалери и тренерот се наоѓаат во болница во северниот град Чијанг Раи откако биле спасени.

 

Властите се загрижени за тоа како на децата и на нивното ментално здравје ќе влијае изненадната слава и интересот на медиумите. Затоа било одлучено утрешната прес конференција да биде внимателно контролирана.

Новинарите ќе мора да ги дадат прашањата однапред, а нив ќе ги одобрува психолог. Одобрените прашања потоа на децата ќе им ги постави модератор.

“Сега се чувствувам добро”, “Не мора повеќе да се грижите, сега сме безбедни”, “Им благодариме на луѓето кои дојдоа да не спасат”…биле само некои од пораките на храбрите деца од болницата.

Посебно е трогателна нивната заедничка фотографија со нуркачот Саман Кунан, кој починал обидувајќи се да ги спаси заробените деца.

Да потсетиме, младиот фудбалски тим со тренерот речиси 3 седмици бил заробен во пештерата од која не можеле да излезат, бидејќи нивото на водата се кренало поради големите дождови. Ги пронашле по десетина дена живи и здрави, а самото извлекување траело три дена.

Leave a comment

error: Content is protected !!