Уште се трага по децата кои се изгубиле во пештерата на Тајланд: “Тоа е лавиринт од кој не може да се излезе”

Инту Инчароен пред 16 години се изгубил во пештера на северот на Тајланд, каде спасувачите уште од саботата трагаат по група деца и нивниот тренер. Тој во едно интервју потсетил на тоа свое искуство, велејќи е дека чудо што останал жив.

Инчароен и неговите четири пријатели во 2002. година ја истражувале пештерата Там Луанг, и се изгубиле во тој неверојатен лавиринт.

“Бев толку изгубен, речиси да не можев да излезам”, рекол тој.

Според неговите зборови, можело да се пропадне во влажната и шуплива земја, имало безброј странични канали, тоа било длабок лавиринт за кој не се знаело каде завршува.

 

Инчароен рекол дека тој и неговите пријатели биле толку изгубени, што не можеле да го пронајдат патот по кој дошле.

Во еден момент слушнале глас на една жена, која од соседните пештерски простории бара помош и ја пронашле следејќи ги гласовите. Некако, со заеднички сили, успеале да го пронајдат излезот. “Тоа беше вистинско чудо”, рекол Инчароен.

Таа пештера често е поплавена во текот на дождливите сезони, кои во Тајланд траат од јуни до октомври.

Тајландски и меѓународни спасувачи се обидуваат да пронајдат 12 исчезнати деца на возраст од 11 до 15 години, и нивниот 25-годишен тренер, кои исчезнале во саботата откако завршиле со фудбалскиот тренинг.

Нивните велосипеди, ранчиња и патики биле пронајдени оставени пред пештерата. Во потрагата, покрај тајландските специјални единици “Фоки”, се вклучиле и британски експерти за нуркање во пештери и американски тим од 30 експерти.

Leave a comment

error: Content is protected !!