Уште една убавица на кралската венчавка: Ја знаете ли внуката на принцезата Дајана?

Внуката на загинатата принцеза Дајана била меѓу поканетите гости на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари, а оваа убавица наишла на голем број коментари на социјалните мрежи, во кои била споредена со својата славна тетка.

Ако некој ви го каже името Кити Спенсер, веројатно нема да ви значи многу, но кога ќе дознаете дека е внука на трагично загинатата принцеза Дајана, веројатно ќе забележите сличност.

Кити била меѓу гостите на венчавката на годината, а заблескала во креација потпишана од модната куќа “Dolce and Gabbana”, со која често соработува.

Со години ја споредуваат со нејзината славната тетка, а со својата убавина ги освојува машките погледи каде и да се појави.

Кити Спенсер е најстарата од четирите деца на Чарлс Спенсер, брат на принцезата Дајана. Кити имала само шест години кога нејзината тетка загинала во автомобилска несреќа на 30. август 1997. година.

Сепак, британските медиуми никогаш не покажувале претеран интерес за неа или за другите роднини од страната на Дајана. Кити Спенсер денес има 27 години, а исто како и својата тетка, таа има голема страст за хуманитарната работа.

Прв пат била забележана од медиумите во 2007. година, кога заедно со Хари и Вилијам се појавила поменот на принцезата Дајана. Неколку години подоцна го искористила своето присуство на социјалните мрежи и вниманието кое го добила за активно да се ангажира во хуманитарни акции.

Leave a comment

error: Content is protected !!