Уште една жртва на сексуално злоставување! Младата актерка тврди: “Ме нападна додека бев во алкохолизирана состојба”

Младата американска актерка Луси Хејл зборувала за сексуалното насилство. Таа е само уште една во низата на жени од Холивуд кои биле жртви на сексуално злоставување, а сега одлучила да проговори за своите искуства со овој проблем.

Злоставувањето се случило на почетокот на годината. За овој случај најпрво објавила на Инстаграм, но потоа го избришала постот. Сепак, сега открила за што станува збор.

Луси во интервјуто за “Haute Living Magazine” зборувала за феминистичкото движење #MeToo. Изјавила дека и таа е жртва на сексуално насилство, велејќи дека некој ја нападнал додека била под влијание на алкохол.

“Претходно доживеав некои помали работи, но нападот е напад. Има многу девојки кои другите ги искористиле додека биле во алкохолизирана состојба. Тоа ми се случи и мене, но и на луѓе кои ги познавам. Тоа е чест проблем”, рекла актерката.

Луси ги задржала деталите за себе и не открила за кој станува збор, ниту дали лицето кое ја нападнало е јавна личност. Меѓутоа, набрзо добила голема поддршка од јавноста, како и од другите жртви.

Луси е позната по улогите во ТВ сериите “Како ја запознав мајка Ви”, “Округот Оринџ” и “Слатки мали измамнички”.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!