Урнебесно видео: Македонски зет учи да зборува „по нашки“

Сара има 23 години и е родена и израсната во Крива Паланка. Решава да го живее „американскиот сон“ и на 20 години се сели во Америка.

Во едното од своите видеа вели дека на почетокот и било многу тешко да се приспособи, а нејзиниот англиски бил ужасен. Работела и по три работи одеднаш и многу плачела. На почетокот живеела во Њу Џерси, а потоа се преселила во Њујорк. Таму го запознала и својот сопруг Џејвин. Ја запросил после неколку месеци поминати заедно, а на крај, сепак Сара и Џејвин сфатиле дека им треба помирно место, па сега живеат во мало градче.

Сара и Џејвин Вилијамс покрај секојдневните работи, постојано наоѓаат време да снимаат и видеа за на „Јутјуб“. Покрај видеата во кои даваат совети за успешен брак, како е да се биде во врска со црнец, како и приказните за нивното запознавање и секојдневни рутини, Сара и нејзиниот сопруг имаат неколку видеа во кои Џејвин учи да зборува македонски.

Погледнете како македонскиот зет се снајде со македонскиот јазик:

Leave a comment

error: Content is protected !!