Украл тенк и цели два часа бегал низ градот

Полицијата во Вирџинија вчера во филмска потера низ градот бркала војник кој украл оклопно возило со гасеници, и со него успеал да бега цели два часа.

Иако овој вид на возило може да достигне максимална брзина од 65 километри на час, возачот бил уапсен во центарот на Ричмонд по добри два часа потера, и тоа откако го сопрел возилото и се предал.

 

Возилото, кое било украдено истата вечер од базата на Националната гарда во Блекстоун, не било опремено со никакво оружје, а крадецот е активен војник кој живее во тој предел.

Сообраќајот бил сопрен во целост, а очевидците велат дека не биле сигурни дали таа сцена е вистинска или се снима некој филм.

Голем број полициски возила биле во потера по оклопното возило, сирените одекнувале во градот, а во акцијата биле вклучени и полициски хеликоптери.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!