Убиството на убавата манекенка е мистерија: Полицијата наишла на хорор во станот на плејбој зајачицата

Полицијата го пронашла телото на поранешниот модел на Playboy, 36-годишната Кристина Крафт, во стан во предградието на Ардмор, во американската држава Пенсилванија. Според наодите од обдукцијата, убиецот ја задавил манекенката и и нанел повреди со тап предмет.

Но, целиот случај е многу мистериозен – девојката била убиена во средата во мирната населба во која се доселила пред една недела, а полицијата се уште не осомничила никого за убиството.

Некој се јавил во полиција да провери дали е се во ред со Кристина. Ја пронашле мртва во спалната соба, но не откриле кој им се јавил. Во краткото соопштение, локалната полиција само навела дека немаат причина да веруваат дека постои закана за другите жители во соседството.

Извори од полицијата велат дека надзорните камери на зградата снимиле дека Крафт влегла со маж, а полицијата верува дека мажот ја напуштил зградата скокајќи од тераса.

За работата да биде уште почудна, три дена пред убиството, Крафт во полиција пријавила дека и се украдени неколку парчиња накит и дизајнерски ташни.

Leave a comment

error: Content is protected !!