Убиени тројца новинари во заседa во Централна Африканска Република

Во Централноафриканската Република, неидентификувани напаѓачи убиле тројца европски новинари така што поставиле заседа на нивното возило, објави денеска градоначалникот на Сибут, Хенри Депеле.

Првиот човек на овој град, кој се наоѓа на 200 километри североисточно од престолнината Банги, изјавил дека се убиени двајца руски и еден украински новинар.

Портпаролот на претседателот на Централноафриканската Република, Алберт Јалоке Мокпеме, соопштил дека војниците во близина на Сибут пронашле три тела со европски изглед, но не можеле да ја откријат нивната националност.

Централноафриканската Република е една од најсиромашните земји на светот, а безбедноста не е на завидно ниво. На ова подрачје, поголемиот дел од територијата е контролирана од страна на милитанти.

Leave a comment

error: Content is protected !!