Убиен XXXTentacion- Пред да почине сними морничаво видео предвидувајќи ја сопствената смрт

Младиот и контроверзен рапер XXXTentacion беше убиен на 20 години, додека купувал мотор во Флорида.

Само што излегол од салонот за моторцикли и влегол во својот автомобил бил нападнат од две лица со качулки кои пукале во него, а за жал последиците биле фатални. Го ограбиле и избегале, а раперот починал на пат кон болница.

На местото на трагичниот настан имало многу очевидци кои се обиделе да му пружат помош, но за жал ило предоцна.

Контроверзниот XXXTentacion, со вистинско име Џасеј Онфрој, зад себе остави два одлични албуми, но и многу обвиненија. Тој беше проблематично момче, обвинет за напад врз бремена девојка, како и за учество во многу тепачки, па често беше во малолетнички затвори и куќен притвор.

Колегите рапери се простија од него, а Каније Вест напиша трогателни зборови на Твитер:

Она што се прошири како мистерија околу случајот е последното видео што раперот го снимил пред својата смрт. Во видеото вели дека доколу трагично загине, би сакал да може со неговата музика да направи среќни барем 5 000 000 деца. Фановите коментираат дека ова видео е всушност последната порака која тој ја остава како предупредување дека знаел што го очекува и дека ќе почине.

Leave a comment

error: Content is protected !!