Репортерите кои известуваат во живо од Русија во текот на Светското фудбалско првенство имаат тешка задача.
Тие мораат во текот на одржувањето на натпреварите да држат се под контрола, бидејќи Русија е полна со навивачи и секаде е гужва. Бучава и галама царуваат по улиците на руските градови, па така новинарките имаат навистина големи проблеми.
Прво една Колумбијка доживеа голема непријатност, кога еден навивач ја фати за градите, а потоа и бразилската новинарка Хулија Гимареш беше мета на „немирните“ фанови. На сред пренос, во кадар и влета, еден како што таа процени Русин, кој проба да ја бакне пред телевизиските камери.
„Немој тоа да го правиш. Јас не сакам да го правам тоа, не е воопшто на место. Никогаш немојте вака да се однесувате спрема жените“- напиша Хулија.
Спорниот момент новинарката го објави и на Твитер.
É difícil encontrar palavras… Por sorte, nunca vivi isso no Brasil! Aqui já aconteceu por 2 vezes. Triste! Vergonhoso! https://t.co/8sdukYw8FG
— Julia Guimarães (@juliacgc) June 24, 2018
„Среќа што ова не сум го доживеала во Бразил, но овде го доживеав и тоа два пати. Срамно!“- огорчено изјави Бразилката.