Уапсено едно лице по пукањето на американската амбасада во Анкара

Турската агенција “Анaдолија”, јавува дека едно лице денес е уапсено, поради случајот со пукањето кон амбасадата на САД, во Анкара.

Во тој инцидент никој не е повреден, пренесува “Ројтерс”. Турскиот CNN пак, пренесува дека во пукотниците е погоден прозорецот на куќата на обезбедувањето. Нападот се случил во пресрет на влошените односи помеѓу Анкара и Вашингтон, поради судењето на американскиот свештеник, Ендру Бренсон, во Турција.

Од канцеларијата на гувернерот на Анкара, потврдуваат дека се испукани шест куршуми од бел автомобил во движење насочено кон амбасадата, во 5.30 часот, по локално време, како и дека три куршуми ја погодиле капијата и прозорот на амбасадата.

Портпаролот на американската амбасада, Дејвид Гејнер, ѝ се заблагодарил на полицијата за брзата реакција и додал дека за време на нападот никој не бил повреден.

Како што рекол: “Амбасадата инаку е затворена до наредниот понеделник поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам”.

Leave a comment

error: Content is protected !!