Уапсен лидер на секта: Турчин одбирал најубави девојки, ги терал на оргии, а по апсењето пратил бизарна порака

Турскиот ТВ проповедник, 62-годишниот Аднан Октар, лидер на еден од најозлогласените култови во таа земја, бил уапсен во својата вила во Истанбул.

Уапсен бил поради обвиненија за криминал, измама, киднапирање, перење на пари, искористување на верски чувства, уцена и сексуално злоставување.

На снимките може да се види Октар и неговите следбеници кои полицијата ги води во болница на прегледи пред истражувањето. Полицијата трагала по околу 234 негови следбеници за истите обвиненија во неколку рации спроведени во пет градови.

 

Досега биле уапсени 166 осомничени на 120 адреси во четири покраини. Запленето е оружје, муниција и едно оклопно возило.

Октар е казнет во февруари со прекин на емитувањето на неговата шоу програма, во текот на која има исламски теолошки расправи окружен со свои роднини и провокативно облечени жени.

Октар напишал неколку книги во кои промовирал креационизам и теории на заговори. По апсењето изјавил: “Ова е британски заговор”.

Чејлан Озгур, жена која учествувала во неговите емисии, изјавила дека побегнала од криминалната мрежа во 2017. година, откако во неа минала 10 години.

“Злоставуваат девојчиња од 7, 10, 14 или 17 години, а некои од нив се по неколку пати силувани”, изјавила таа своевремено.

Leave a comment

error: Content is protected !!