Тврдел дека не е како татко му: Ова е мрачната вистина за синот на Пабло Ескобар

Вдовицата и синот на колумбискиот нарко бос Пабло Ескобар се обвинети дека се дел од криминална организација која што се занимава со перење на пари.

Меѓу обвинетите е и поранешниот фудбалер Маурисио Серна. Викторија Енао, Хуан Пабло Ескобар Енао и Маурисио Серна се обвинети дека во Аргентина биле посредници за колумбискиот нарко дилер Хосе Пједраита, а дека парите ги переле преку трговија со недвижнини.

Судот во Аргентина наложил да се заплени нивниот имот во вредност од околу еден милион долари

Вдовицата на Ескобар го променила името во Марија Изабел Сантос Кабаљеро, а неговиот син во Хуан Себастијан Сантос по смртта на најголемиот светски нарко дилер на сите времиња. Тие побегнале во Мозамбик откако Ескобар бил убиен од колумбиската полиција. Подоцна се преселиле во Аргентина.

Хуан Пабло тврдел дека нема да оди по стапките на својот татко и дека наместо тоа ќе биде писател, архитект и дизајнер. Сепак, изгледа дека работата е сосема поинаква.

Ова не е прв пат Викторија и Хуан Пабло да бидат поврзани со ваков скандал. Во 1999-та година аргентинските медиуми известиле дека вдовицата и синот на Ескобар се приведени поради сомнение дека перат пари. Сепак, тие тоа го демантирале неколку пати.

„Јас сум затвореник во Аргентина само затоа што сум Колумбијка. Тие се обидуваат да му судат на духот на Пабло Ескобар затоа што сакаат да докажат дека Аргентина се бори против трговијата со дрога“, рекла таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!