Тв Нова оди во стечај, вработените бараат исплата на седум плати- Ќе ја снајде ли истата судбина како Тв Пинк 15?

Откако се отвори оваа национална телевизија, посотојано ја пратеа контроверзии.

Започна со гламурозно отворање, со преставување на најнова телевизиска технологија, а за жал може да заврши неславно.

Вработените велат дека не им се исплатени по неколку плати, а дел од нив според некои документи кои кружаат по социјалните мрежи, добиле компензација наместо плата. Тв Нова се јавува како дародавател, а „подарува“ камери на еден од своите вработени.

Истата ситуација во Македонија се случи и пред неколку години. Во 2010 година, ТВ Пинк 15 започна со емитување програма за македонскиот пазар, а во телевизијата беа примени над 100 новинари, сниматели, преведувачи…

Жељко Митровиќ во негов стил, направи луксузно свечено отворање во „Холидеј Ин“, а гости беа Аца Лукас и Марија Шерифовиќ. На настанот присуствуваше и голем дел од српската и скопската елита. По само една и пол година постоење, а со задолженост од осум плати кон вработените, телевизијата отиде во стечај.

Скришум, целата опрема беше изнесена од телевизијата, а затворањето не беше воопшто најавено, туку дотичниот Жељко Митровиќ до последен момент ги лажеше вработените. Одеднаш, се случи тоа „фамозно“ затварање, а дел од вработените беа дури до Белград, да штрајкуваат пред телевизиската зграда на Митровиќ.  Беа примени и во српската амбасада, со ветувања дека ќе се направи нешто, но за жал се што можеше да влезе во стечајна постапка за исплата на платите, се беше веќе изнесено од телевизијата во скопски Карпош 4.

На крај, вработените останаа без денар од сето она што им се должеше, а Митровиќ помина без казна.

Интересно е што овие две приказни се многу слични. Имено и за двете телевизии во јавноста се тврдеше дека платите не се исплатени поради нарушено здравје на сопствениците, и дека ќе продолжат и понатаму со програма.

Ќе ја снајде ли Тв Нова истата судбина, или овие вработени ќе успеат да ја истераат правдата до крај?

 

Leave a comment

error: Content is protected !!