Туристите уживаат на рајските плажи, а не знаат какво мрачно минато крие овој остров

Со 63 плажи, Ротнест Ајленд, австралиски остров, е популарна туристичка дестинација, но веројатно повеќето посетители не се запознаени со неговото мрачно минато.

Од 1838-ма година островот служел како затвор за Абориџини, мажи од 8 до 70 години, а таа пракса траела речиси 100 години. Затворениците се доведени од сите краеви на Австралија, најчесто поради најмали престапи, како кражба на храна.

Стотина од нив биле убиени или умреле како последица од мачење и болести.

Озлогласениот затвор конечно се затворил во 1931-ва година, меѓутоа, утврдено било дека 10 проценти од затворениците починале од сипаници, неухранетост и грип.

Затворот, кој всушност бил и некој вид на концентрационен логор, го основале европските населеници кога пристигнале во Австралија, а во збирките од шокантни фотографии од Државата библиотека Викторија се гледа дека луѓето во затворот биле измачени, врзувани со ланци, и дека условите во затворот биле ужасни. Немало тоалети ни кревети, а подовите во главно биле влажни. Токму поради лошите услови и пренаселеноста болестите се ширеле брзо.

И покрај фактот дека во затворот умреле стотина Абориџини и дека станува збор за најголемата масовна гробница во Австралија, туристите со години доаѓаат на тоа место. Оние кои тука кампувале во главно не знаеле дека под земјата и во водите на Западна Австралија лежат коските на 373 Абориџини, се додека во мај минатата година не бил забранет пристап на тоа место.

Тоа е прв чекор кон признавање на вистината, сметаат Абориџините кои уште од 80-тите години од минатиов век се борат за признавање на мрачната историја на островот.

Тие ја основале и организацијата “Rottnest Island Deaths Group”, која се бори за заштита на гробовите на нивните претци кои таму умреле. Староседелците дури и барале целиот остров да биде ставен под нивна контрола, но е тоа е малку веројатно, со оглед на тоа дека бројот на туристите расте од година во година.

Околу 785.000 туристи го посетиле островот во 2018/2019, откако Западна Австралија добила финансиска инекција од околу десет милијарди долари, од кои најмногу добил Ротнест Ајленд.

Leave a comment

error: Content is protected !!