Туристите гледале филмска потера на плажа: Го бркал хеликоптер, па се забил со глисерот на плажа

Туристите кои одморале на плажите во Малага, имале можност да видат возбудлива полициска потера, која сепак во еден момент делувала навистина смешно.

Додека многумина се капеле, полицискиот хеликоптер кружел над нивните глави следејќи го глисерот. Кога дошол до брегот, мажот од глисерот почнал да бега.

 

Туристите тоа го снимале, а имало и такви кои му викале да бега, без да знаат за што станува збор.

Набрзо се огласила и локалната полиција, која соопштила дека нарко-дилерите прават се за да дојдат до профит.

“Во овој случај, глисерот со дрога во полна брзина одеше кон плажата. Иако се обиде да побегне, набрзо бил уапсен”, се наведува.

Leave a comment

error: Content is protected !!