Снимката доаѓа од танзанискиот Национален парк Серенгети, и за кратко време имала 1,2 милиони прегледи.
На снимката се гледа како посетителот кој се наоѓа во џипот подава рака низ прозор и се обидува да го погали лавот кој стоел во сенката на возилото.
Еден целосно пораснат лав може да достигне до 3 метри должина и тежина од 180 килограми.
Животното на почетокот не реагира, но по неколку секунди покажува заби и рика. Дури тогаш човекот го затвора прозорот.
Организацијата која го објавила видеото тврди дека лавовите ќе бараат склониште во сенките од возилата, но “тоа не значи дека им веруваат на луѓето”.