Освен што ја носи титулата најсеверен населен град на светот, норвешкиот град Лонгјербијен, кој се наоѓа на Свалбард, е посебен и по тоа што во него никој не умрел веќе 69 години, бидејќи таму умирањето е законски забрането – исто како и раѓањето.
Дури и ако целиот живот сте го минале таму, ако ви се случи да разболете и болеста дојде до терминална фаза, мора да заминете од островот и смртта да ја дочекате на друго место, пишува “IFL Science”.
Ако пак се случи да умрете одненадеж, вашето тело ќе биде итно пренесено на друго место.
Сличен закон важи и за раѓањето: кога на трудницата и се ближи терминот, таа мора да замине од островот за да се породи.
Што се однесува до навистина бизарниот закон за умирање, зад него стои многу важна причина: заштита на останатите жители. Во далечната 1950-та година било откриено дека телата кои се закопани во градските гробишта не се распаѓаат бидејќи земјата е замрзната, па вирусите во лешовите може да преживеат и постои ризик од идни зарази.
Нешто слично се случило и на северот на Сибир, каде дошло до епидемија на антракс во 2016-та година.
Норвешкиот град според пописот во 2015-та година имал 2.144 жители, а на островот владее арктичка клима со летни температури од 3 до 7 степени, додека во зима температурите паѓаат до минус 13.
Поларната ноќ трае 111 дена, од крајот на октомври до март владее тотален мрак.