Три тинејџерки го убиле својот татко, познат руски мафијаш: Со години сексуално ги злоставувал и тепал, сега ќе одат 15 години во затвор

Руските тинејџерки Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) го признале убиството на 57-годишниот татко Михаил Качатуријан, поради што им се заканува затвор од 15 години.

Како што се наведува, сестрите го избоделе својот татко до смрт по години долгото мачење и сексуално злоставување.

Според полициските извештаи, сите три сестри го признале убиството на татко им, тврдејќи дека со години трпеле сексуално, психичко и физичко злоставување.

Неговото тело било пронајдено со неколку убоди во близина на лифтот.

“Го мразевме и сакавме само една работа – или да исчезне, или никогаш да не сме го познавале”, рекла Кристина.

Наводно, нивниот татко ги злоставувал на различни начини, а еднаш една од нив морала да јаде кучешки влакна од под.

“Еднаш Михаил пронајде кучешки влакна на тепихот и викна една од ќерките и ја натера да ги изеде”, рекол семеен пријател.

За да може да ги шпионира додека не е дока, поставил камери, а постојат и информации дека сексуално ги злоставувал.

Една од сестрите се обидела да изврши самоубиство. Доколку бидат осудени им се заканува казна од 10 до 15 години затвор.

На денот на убиството, сестрите велат дека им се заканувал со нож. Една од го зграбила и го забодела, а потоа се приклучиле и останатите. Тој успеал да побегне од станот, но починал кај лифтот од зградата. Исто така, нивниот татко бил зависник од хероин.

Дури и пријателите и соседите велат дека бил вистински тиранин, а дека неговата сопруга, мајка на трите девојки, побегнала од малтретирањето.

“Секогаш ги тепаше. Еднаш ги одведе во шума и се закануваше дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој им забрани секаква комуникација со неа. Качатуријан беше поврзан со подземјето, беше како мафијашки бос”, рекла една семејна пријателка.

Leave a comment

error: Content is protected !!