Три работи кои никогаш не смееш да си ги дозволиш во врска- По ниту една цена

Некои луѓе кога се во врска, умеат да се „изгубат себеси“. Се однесуваат како што инаку не би се однесувале и дозволуваат или се согласуваат со работи кои порано им биле непоимливи.

Внимавајте, ова никогаш да не ви се случи:

Уништување на приватноста

Во врска сте и тогаш се постанува дел од вас двајца, веќе не постои приватност. Тоа е една голема грешак и есктрем кој никогаш не излегува на добро. Секој од вас треба да има свој простор и време за себе, без да треба да се крие. Ако забележиш дека го прекинува твоето дружење со пријателките, ги знае сите твои шифри, па уште и ги користи, тогаш би требало нешто да разјасните. Може не го прави тоа со лоша намера, но треба да знае, дека тоа ви пречи. Ако повторно го направи тоа, нема друго освен раскинување.

Ги менува твоите планови

Вие сте две различни личности и затоа имате и свои сопствени планови. Вработување, развивање на кариерата, патувања… Почитувањето и поддршката за сето тоа да се постигне се многу важни. Проблемот настапува кога едниот партнер не ги цени соништата на другиот. Ако ти вели дека твојата кариера не е важна, дека тој е поважен, дека ќе дојдат деца и дека ќе им треба мајка која ќе биде секогаш присутна тука за нив- тргни се од него. Јасно е дека му се важни само неговите планови и дека се останато за него се глупости кои би требало да се игнорираат.

Лаги

Кога е врската градена на лаги, среќата нема да дојде баш лесно. Дефинитивно не постои доверба и криењето се претвора во нездрава навика. Дури и обичниот разговор станува тежок, бидејќи не се знае во што да се верува. Доколку го фатите дечкото во лага, можно е дури и да е неверен. Секако не мора да значи, можеби едноставно не се отворил доволно и нема желба да го запознаеш каков што навистина е. Која и да е причината, никогаш не смееш да дозволиш да трпиш лаги.

Leave a comment

error: Content is protected !!