Connect with us

Repriza.mk

Трамп тврди дека никогаш не пиел ни чашка алкохол: Среќа што не пијам, ќе бев најлош на светот

Инфо

Трамп тврди дека никогаш не пиел ни чашка алкохол: Среќа што не пијам, ќе бев најлош на светот

Американскиот претседател Доналд Трамп, денес рекол дека не пие алкохол, шегувајќи се дека “би се претворил во хаос” кога би се предал на алкохолот.

“Можам искрено да кажам дека никогаш во животот не сум испил пиво и тоа една од моите добри страни. А да пиев, можете ли да замислите во каков хаос ќе се претворев? Ќе бев најлош на светот”, рекол Трамп, пренесува “AP”.

Тој тоа го изјавил зборувајќи за своите навики кога станува збор за пиењето, на прес-конференцијата на која зборувал за коментарот на кандидатот за судија на Врховниот суд Бред Каванаг, за пиењето пиво во средно училиште и на колеџ.

Постариот брат на Трамп, Фред Џеј Ар, починал по мачната борба со алкохолизмот, нагласува американската агенција.

Доналд Трамп, кој вели дека извлекол поуки од искуствата на Фред, братот претходно го опишувал како “прекрасно момче” и човек кој “има проблеми со алкохол”.

Противниците на Трамп побрзале на социјалните мрежи да го демантираат претседателот, споделувајќи фотографии од официјални државни посети кога Трамп наздравувал со домаќините со чашка алкохол.

Leave a comment

More in Инфо

To Top
error: Content is protected !!