Трамп им се заканил на Американците: Ако ме замените, сите ќе бидете многу сиромашни

Доналд Трамп денес, коментирајќи ја можната смена од местото претседател на САД, рекол дека доколку дојде до тоа, пазарите ги чекаат огромен крах.

“Не знам како можете да замените некој што прави одлична работа. Дури иако сум сменет, пазарите би доживеале крах, мислам дека сите би биле многу сиромашни”, рекол Трамп.

Тој рекол дека подоцна дознал дека неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен им дал пари на Сторми Даниелс и Карен Мегдугал.

Коен признал дека им дал пари на две жени за да молчат за наводните афери со Трамп.

Трамп претходно рекол дека тие пари не биле земени од претседателките кампањи, туку дека се дадени од неговиот џеб.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!