Трамп го откажал историскиот состанок со Ким Јонг Ун и ја објаснил причината за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп, го откажал состанокот со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.

Средбата требало да се одржи на 12. јуни во Сингапур. Оваа вест на медиумите им ја соопштила Белата куќа.

Трамп истакнал дека ваквата одлука ја донел поради “огромниот бес и отвореното непријателство” во неодамнешните севернокорејски изјави.

“Се радував однапред што ќе бидам таму со вас. За жал, поради огромниот бес и отвореното непријателство прикажано во најновите соопштенија, сметам дека е непримерно во овој момент да се одржи долго планираниот состанок”, напишал Трамп во писмото до севернокорејскиот лидер.

“Вие зборувате за вашата нуклеарна способност, но нашата е толку масивна и моќна, што го молам Бог никогаш да не биде употребена”, напишал Трамп меѓу другото.

Претседателот Трамп му се заблагодарил на Ким за ослободувањето на заложниците, кои сега се дома со своите семејства.

Тоа беше убав гест, кој многу го ценам, навел американскиот претседател.

“Светот, а посебно Северна Кореја, изгуби голема шанса за траен мир и голем напредок и богатство”, оценил Трамп, додавајќи дека пропуштената можност е тажен момент за историјата.

Северна Кореја неколку пати се заканила дека ќе ја откаже средбата со Доналд Трамп.

Leave a comment

error: Content is protected !!