Трагедија за која светот зборува 21 година: Братот на принцезата Дајана жестоко обвинува: Ја имате нејзината крв на своите раце

На денешен ден пред 21 година светот бил шокиран од веста за смртта на несудената британска кралица, принцезата од Велс – Дајана, која загинала бегајќи од папараците, во парискиот тунел во близина на Сена на 31. август 1997. година. Имала само 36 години.

Била омилена членка на кралското семејство, иако пет години пред смртта се развела од принцот Чарлс.

Во Британија завладеало колективно жалење, а тогашниот премиер Тони Блер ја нарекол Дајана “народна принцеза”. Милиони цветови биле оставени пред Кенсингтонската палата.

За смртта на Дајана се обвинуваат токму папараците.

“Ја имате нејзината крв на вашите раце”, го обвинил братот на Дајана, гроф Спенсер. Посрамените британски медиуми покојната принцеза ја претвораат во икона.

Покрај неа, животот таа кобна ноќ го изгубиле и нејзиниот свршеник Доди Фајед и возачот Хенри Пол, често на мета на заговорниците.

Дајана ја превртела британската монархија наопаку, и го обележала времето во кое живеела.

Leave a comment

error: Content is protected !!