Трагедија во Скопје: 13-годишно девојче се удавило додека се обидувало да го спаси својот брат, итната помош ја немало еден час!

Во населбата Илинден се случила страшна трагедија. Малолетно 13-годишно девојче, чиј идентитет не е соопштен, го изгубило животот на ужасен начин. Таа се обидела да го извлече помладиот брат и уште едно дете кои паднале во ископ полн со вода на градилиште, каде требало да се изгради станбен објект, но не излегла од него.

Полицијата соопштила дека несреќата се случила вчера во 14:30 часот во местото Бигла, каде има ископ за темели на една зграда. Девојчето, кое живеело во населба Илинден, паднало во ископот и се удавило.

 

Локалните жители веднаш се јавиле во полиција, пожарна и итна помош, но бидејќи нив ги немало речиси еден час, сами влегле во водата и го извлекле девојчето. Кога пристигнале, лекарите од Итна помош можеле само да ја констатираат нејзината смрт.

Огорчените жители на оваа скопска населба бараат одговорност од компанијата која го гради објектот, затоа што градилиштето не било оградено.

Еден од четирите мажи кои од водата го ваделе безживотното тело на девојчето рекол дека тоа можеби ќе било спасено ако спасувачките екипи пристигнеле на време.

“Ако реагираа на време, сигурно ќе беше поразлично. Бидејќи немаше никој, решивме сами да влеземе во вода и да го извадиме девојчето. Сами видовте како ја вадиме. Чекаме еден час, уште ги нема”, огорчено рекол жителот на Илинден за телевизија Телма.

Leave a comment

error: Content is protected !!