Трагедија: Се обесил светски познатиот готвач!

Светски познатиот готвач, 61-годишниот Ентони Бордејн, утрово бил пронајден мртов во хотелска соба во Франција. “CNN”  ја потврдил неговата смрт велејќи дека станува збор за самоубиство.

“Со неизмерна тага ја потврдуваме смртта на нашиот драг пријател и колега, Ентони Бордејн”, пишува во извештајот.

“Неговата љубов кон авантурите, стекнувањето на пријатели, добрата храна и пијалаците и неверојатните приказни од целиот свет, го направија единствен. Неговиот талент никогаш не престана да не фасцинира и многу ќе ни недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во овој тежок период”, се наведува понатаму.

Бордејн се наоѓал во Франција, каде работел на нови епизоди за својата наградувана “CNN” серија “Непознати предели”. Неговиот близок пријател, Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол без знаци на живот во хотелска соба во петокот наутро.

Бордејн бил мајстор на својот занает – прво во кујната, а потоа и на телевизија. Преку неговите емисии и книги, ја истражувал човековата природа и ги научил гледачите на друг начин да гледаат на храната, на патувањата и на себе. Ги освоил речиси сите можни награди во својата област.

Бордејн бил во врска со актерката Азиа Арџенто, која меѓу првите истапила против холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн, обвинувајќи го дека ја силувал. Готвачот бил покрај својата избраничка во нејзината борба против продуцентот.

“Тој е ненадминлив, искрен…Луѓето му се отвораат и му кажуваат многу повеќе за своите земји отколку што било кој друг информативен репортер би можел да дознае”, рекле судиите кои во 2013. година ја наградиле неговата емисија “Непознати предели”.

“Смитсонијан” своевремено го нарекол “оригинална рок ѕвезда” од кулинарскиот свет. Во 1999. година “Newyorker” ја објавил статијата “Не јадете пред да го прочитате ова”, па веќе наредната година книгата “Доверливо од кујната: Авантури од кулинарското подземје” станала бестселер.

Бордејн си го одземал животот само неколку дена откако во својот стан се убила и светски познатата дизајнерка Кејт Спејд.

Leave a comment

error: Content is protected !!