Топ 10 држави кои најмногу ја сакаат Македонија: Меѓу нив Иран и Мексико

Звучи чудно и неверојатно, но сепак е вистинито. Меѓу топ 10 држави кои ја сакаат нашата земја, не се наоѓаат многу од нашите навидум блиски држави, но затоа пак се најдоа многу неочекувани поддржувачи.

Јутјуб каналот „Peacefull Explorer” прави статистики за секоја земја, односно кои се топ 10 држави кои ја сакаат една одредена држава. Во едно од видеата се најде и Македонија и додека очекувавме во топ 10 да ги видиме соседите, како и некои од поголемите држави со кои пријателуваме и соработуваме сепак за жал не се најдоа на листата.

Меѓутоа изненадува фактот,кои всушност се десетте држави кои најмногу не сакаат и колкав е процентот на луѓе од таа земја што ја сака Македонија.

44 проценти од граѓаните на Литванија и Естонија ја поддржуваат Македонија, на листата се и Црна Гора и Словачка. Голем процент на поддржувачи имаме и во Шпанија и Мексико, а тука се и Иран, Индонезија и Шведска, Сепак, според видеото, изгледа најголема поддршка имаме од граѓаните на Србија и Турција.

Погледнете ги статистиките за топ 10 држави кои најмногу ја сакаат и поддржуваат Македонија, а секако нивната поддршка ќе имаме дури и ако настапи промена на името:

Leave a comment

error: Content is protected !!