Тоа што не го гледам, не постои: Водител на миел раце 10 години – Бактериите не постојат

Има луѓе кои се водат по логиката “тоа што не го гледам не ни постои”, а еден од нив е всушност водителите на вести на каналот “Fox”, Пит Хегсет.

“Не можам да ги видам, што значи дека не постојат”, рекол Хегсет, пренесува “Guardian”.

Тој е омилениот водител на американскиот претседател Доналд Трамп и го следи репутација дека е наклонет на Белата куќа. Меѓутоа, поради неговата последна изјава веројатно многу се загрижил американскиот претседател, за кого се знае дека не сака да се ракува поради разните бактерии.

Се почнало кога водителот во програмата открил дека изел парче пица кое стоело во фрижидер една недела, а потоа уште и додал:

“Мислам дека ги немам измиено рацете 10 години”, рекол тој.

Подоцна, кога почнале нападите кон него на социјалната мрежа Твитер, се обидел да се извади велејќи дека се било шега.

Исто така додал дека сака да пие вода директно од црево и дека не носи кацига кога вози мотор или велосипед.

Leave a comment

error: Content is protected !!