Тие се вистинска сензација: Поради нив, Ким не смее да го погледне никој, а еве како се регрутираат

Светот повторно го видел обезбедувањето на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, чии припадници со црни одела трчале околу неговиот автомобил во Сингапур, каде утре ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие се многу повеќе од спектакл, бидејќи кога станува збор за безбедноста на нивниот лидер, Северна Кореја не препушта ништо на случајот. Кога се наоѓа во Северна Кореја, обезбедувањето на Ким делува во три различни линии околу него, додека во Сингапур обезбедувањето е модифицирано.

Оние кои трчаат покрај лимузината на Ким и одат покрај него се дел од Канцеларија 6 на централната партија, познати како Главна канцеларија аѓутанти. Ги регрутира Корејската народна армија, мора да имаат иста висина со лидерот, да имаат добар вид, добро да гаѓаат, да пукаат од пиштол и да се занимаваат со боречки вештини.

Обезбедувањето е подложено и на ригорозни истраги две генерации наназад, така што повеќето припаѓаат на семејството Ким или другите елитни семејства.

Кога ќе бидат прифатени во обезбедувањето тие се подложени на интензивна програма за обука, која опфаќа користење на пиштол, техники на избегнување, различни боречки вештини и физичка издржливост.

Обезбедувањето обично е облечено во одела од западен тип и кравати, имаат беџови или значки на оделата и користат кодирани изрази, додека возачите на Ким секогаш имаат кожни ракавици.

Во Сингапур пристигнале три авиони од Пјонгјанг, а како што се верува, обезбедувањето било во најмалку два од нив.

Тие во текот на престојот на Ким во Сингапур ги обезбедуваат безбедносните телефонски линии на лидерот, компјутерите и неопходната IT безбедност.

Покрај тоа, тие ги носат сите пијалаци, храна и цигари кои тој ги сака во Сингапур, а ја проверуваат и храната пред да му биде послужена.

Leave a comment

error: Content is protected !!